Вицепремиерот Артан Груби се огласи на социјалните мрежи откако рано утрово беше запален автомобил Аути А6 во Чаир. Медиумите го поврзаа со Груби, Коха објави дека тоа е автомобилот кој тој приватно го користи. Сепак, автомобилот не бил на негово име, но Груби во ФБ статусот не открива чив е автомобилот, само се извинува на соседите и пријателот за вознемирувањето и вели дека заканите нема да го сопрат да продолжи во интерес на граѓаните.
-Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија.
Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија.
Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите.
Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните.
Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.
Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад.
Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!