Земјоделскиот производител Митат Исмаиловски од село Будаково на својот Фејсбук профил објави неколку фотографи и видео на кое се гледа како прави пат до нивите кои ги работи.

 

„20 години правам на неколку локации низ Пелагонија патишта за да стигнам до нивите да ги работам и тоа некаде околу 6 километри имама направено, се’ на свој трошок. Планирам да купам багер за да ги чистам и каналите околу нивите. Си ја сакам Државата“… пишува Исмаиловски.

Земјоделецот Митат Исмаиловски од село Будаково е познат како сериозен производител кој заедно со неговото семејство обработуваат 400 ха земја со најсовремена механизација. Повеќе од 15 години инвестира во модернизирање на производството и досега вели дека има купено механизација за 1 милион евра.

Од овие 400 ха, близу 200 ха се државна земјоделска земја под концесија која ја добил пред 15 години и благодарение на таа одлука ги задржал синовите да не заминуваат странство.

Митат Исмаиловски горд на својот внук кој ќе ја продолжи семејната земјоделска традиција

Според Митат земјоделец не бива со 2 декари пипер или еден декар тутун. Само големи површини сопствена земја значи рентабилно производство и тоа е добро за државата.

Превземено од Агротим.мк