Том Брејди, најтрофејниот и според многумина најдобриот играч во историјата на американскиот фудбал, најде нов спорт во кој ќе се натпреварува.
Познатиот квотербек, сопственик на седум шампионски прстени, реши да се испроба како тимски сопственик на трки со електрични бродови.
Новиот спорт треба да заживее од 2024 година, а Брејди е второто големо спортско име кое ќе влезе во ова натпреварување. Пред него тоа го направи славниот тенисер Рафаел Надал.
Том оваа сезона дефинитивно стави крај на својата неверојатна играчка кариера и веќе потпиша десетгодишен договор вреден 375 милиони долари со Фокс, каде ќе работи како коментатор и стручен консултант.