Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Украина бара нова помош.

Според неа, ние имаме морална обврска да им помогнеме.

„Поддршката за Украина ќе продолжи се додека таа е потребна, пред се политичката поддршка која е неспорна и која се обидуваме на секој можен начин да ја апострофираме, меѓутоа исто така и воената помош и поддршка“, вели Петровска.

Таа додава дека има ново барање кое е доставено и во моментов е на анализа во Генералштабот на Армијата.