Убијците на водачот на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки дошле до луксузниот ресорт каде престојувал со патничко возило со странски регистерски таблици, а не со мотор како што првично беше објавено, објави Фокус.

Грчките медиуми објавуваат нови информации за убиството што се случи во петокот кон саботата во Ханиоти, Халкидики и повикувајќи се на извори од истрагата пишуваат дека полицијата има видео снмика од возилото што го користеле напаѓачите.

Според полициски извори, возилото што го користеле извршителите на убиството не ги поминало границите на државата, но не се исклучува сторителите да го оставиле само возилото, додека тие ја преминале границата надвор од Грција користејќи други начини.

Двајцата сторители, како што пренесува ЕРТ, откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, стасале пред големиот стаклен прозорец и со пиштол калибар 32 милиметри од надвор пукале кон лицата во куќата. Испукале 19 пати. Оки беше смртно ранет, а Сеад Слезовиќ повреден.

Целата вест на Фокус.мк