„СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, да престанат да го лажат народот.

Исто како што ги споија концесиите за Иловица за потребите на ДУИ и Дестани, можат и да ги раскинат, суштината е тоа што СДС сака да манипулира, од една страна се договара со ДУИ, а од друга го манипулира народот.

Граѓаните од струмичко видоа дека СДС се лажни душегрижници. Владата на СДС гласаше за спојување на концесиите по налог на Бектеши и Али.

На прв план во СДС е бизнис интересот на ДУИ и ним блиските, затоа не се раскинати концесиите, ниту пак ќе ги раскинат.

Денес граѓаните беа сведоци како Димитар Ковачевски јавно на отворена сцена понизно и очајнички застана во одбрана на Крешник Бектеши и ДУИ.

Сите се виновни, па дури и службениците во министерството за економија, а можеби и портирот, само никако не смее да биде виновен Бектеши, Али, Груби..“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.