Министерката за животна средина ќе присуствува утре на протестот во Струмица против отворањето на рудникот Иловица-Штука. Каја Шукова рече дека лично е против отворање на нови рудници и подвлече дека производството на храна секогаш треба да биде приоритет пред индустриите што загадуваат.
Од компанијата „Еуромакс“ изјавата на министерката ја оценија како штетна.
„Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова е должна да биде свесна за можните правни последици од денешната изјава во која го изрази својот личен став дека генерално е против рудниците“, наведоа од ЕУРОМАКС РЕСОРСЕС.
На протестот организиран од граѓанското здружение „Здрава Котлина“ претходеше судска одлука за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, со што се отвори пат за екстракција на злато и бакар во Струмичката котлина, што предизвика реакции кај жителите во трите општини и граѓански организации кои веќе неколку години се борат за зачувување на овој земјоделски регион.