Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше за денешната тепачка во Собранието на Косово. Според него, тоа е срамота и опозицијата треба да се огради од тоа што се случи. Рама додаде дека е демократски некој да не се согласува со премиерот, но ситуацијата не смеела да заврши со насилство.

„Да не се согласувате со премиерот е демократски. Но, вака да го изразите своето противење значи да се оцрните себеси, вашите гласачи и целата држава со срам што денес му штети на Косово на меѓународен план повеќе од кој било политички став со кој му се спротивставувате на премиерот. Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на Косово и на Албанците кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, онаму каде што треба да се води битка со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници! Навистина посакувам опозицијата да се огради од ова срамно однесување и да му служи на Косово со силата на примерот, а не со примерот на силата“, рече Рама.

Прикажи повеќе