Европскта Унија денеска дојде во Скопје, бидејќи очигледно одењето во Брисел не беше доволно за да им каже на опозицијата дека не можевме да добиеме подобар договор, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочувајќи дека преговарачката рамка е изгласана од сите 27 земји членки на Европската унија и дека никој не може да ја промени.
Тој во вечерашното гостување на ТВ 24 по посетата на тројцата министри за надворешни работи Шаленберг, Влаховски и Липавски Османи, без да открива детали, најави дека следната недела во посета ќе дојдат и министри од Франција, Германија и Полска.
-Денеска дојде Европскта Унија во Скопје, бидејќи очигледно одењето во Брисел не беше доволно за да им каже на опозицијата дека не можевме да добиеме подобар договор, второ нема да може никој и никогаш да смени една запирка од преговарачката рамка. Никогаш нема да може да се смени преговарачката рамка, затоа што е изгласана од 27 членки, за да се смени сите треба да кажат да, треба да каже и Бугарија, рече Османи.
Тој беше дециден дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски заминал во Брисел убеден дека ќе ја промени рамката, но добил силна порака и како што рече Османи, поради тоа Мицкоски не излегол на ниту една конференција по повод посетата.
Порача дека во политиката некогаш справувањето со предизвиците иззискува непопуларни чекори.
-Ако прекинеме со преговорите заради неуспешни уставни зимени, ЕУ ќе ни речат решете ги односите со Бугарија после да продолжиме. Што значи тоа?! Тоа значи дека со Бугарија ќе треба се да решиме и историски комисии, протоколи, договори, па после да продолжиме, а шансата ни е преку уставни измени да влеземе веднаш во машината. Министерот Шаленберг затоа рече последната пречка, Бугарија постојано нешто ќе реагира, зборува, но ќе нема аргумент за да блокира и убеди 26 членки, порача Османи.
Министерот оцени дека пораките на тројцата министри за надворешни работи кои беа изнесени на денешната конференција во ЕУ Делегацијата не се заканувачки, туку „предупредувачки“.