На Универзитетската клиника за ендокринологија во Скопје е отворен Центар за справување и третман на обезност, односно дебелина.

Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити при посетата на Клиниката.

Тој изрази благодарност до компанијата Ново Нордиск за оваа значајна поддршка.

На Клиниката има едуцирани ендокринолози кои секојдневно ќе работат со оваа проблематика.

Првиот центар за лекување дебелина во земјава се отвори во март, во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.