Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се самоизолират. Тие не сакаат да ги слушаат ни повиците на САД, ЕУ, како и пријателските држави на Северна Македонија за да гласаат за неопходните уставни измени за да може државата без пречки да чекори на својот пат кон европската интеграција, велат за „Фронтлајн“ – познавачи на политичките прилики во земјава.

Според нив, ваквата постапка на опозицијата и на Мицкоски е бесмислена бидејќи тој речиси ја прекинал комуникацијата со сите релевантни фактори, а тврди дека еден ден ќе ја преземе власта.

– Па не сака да разговара со никого. Веќе ги „потроши” сите соговорници и практично политички се самоизолира. Засега сè уште се нејасни состојбите во партијата од една страна и во пратеничката група од друга. Ќе видеме, го чекаат жешки денови зашто практично ги пропушти сите можности за некаков компромис со власта. Очекувам некои потези сепак да повлечат дел од пратениците од неговата партија, но по некој поединец и од неговото најтесно партиски друштво, изјави за „Фронтлајн“, Зоран Иванов – новинар и познавач на политичките случувања во земјава.

Ана Чупеска - Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа
Ана Чупеска – Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Ана Чупеска – професор на на Правен факултет „Јустинијан Први”, смета дека со ваквиот потег Мицкоски сака да изнуди политичка кризиа.

– Инфантилна реакција, несериозна и неодговорна. Имам впечаток дека сака да изнуди полтичка криза, од која ама баш никој нема да има корист, сем можеби трети непријателски субјекти – а ова особено ако недај боже влеземе во „бугарско сценарио”… Не знам со кого планира да разговара, но сигурна сум дека потегот е неодговорен, вели професорката Чупеска за „Фронтлајн“.

Дритон Зенку
Дритон Зенку

Новинарот и коментатор на политичките случувања во земјава, Дритон Зенку вели дека екстремните одлуки на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сме ги виделе и претходно. Според него, партискиот рејтинг, го опијани Мицковски во одлучувањето.

– Политичар кој мисли дека секогаш е во право, тогаш почнува да греши. Со овој гест, Мицкоски ѝ служи на идејата за предвремени избори. За ВМРО-ДПМНЕ заврши политичкиот дијалог. Одлуката на Мицкоски е постапка на политичар чиј приоритет е само личен и партиски интерес. Ако сте страна во разговорите и се повлечете, патот што го избравте е изолација и самоисклучување. Можно е неговата одлука да е поттикната од некој меѓународен фактор кој не е поврзан со САД, НАТО и ЕУ. Сега доаѓа до израз индивидуална игра со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Друг избор нема, подвлекува Зенку.

Дестан Јонузи/Frontline.mk