Повеќе од две недели од Владата најавуваат дека уставните измени ќе се разгледаат во наредните две недели. Ова денеска го повтори премиерот Димитар Ковачевски, кој не даде повеќе детали за очекувањата. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека единствената опција за договор со владата сега се предвремени избори наесен.
Со ова, Мицкоски вели дека нема да прифатат уставни измени под овие услови. По изборите, владата на ВМРО, додава тој, ќе преговара за нови услови и гаранции од кои ќе има корист државата. Премиерот е одлучен, нема да има предвремени избори.
Власта се надева дека одредени поединци во ВМРО-ДПМНЕ можат да ги поддржат уставните измени. Во овој дух, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, хумористично го предупреди Мицкоски, во интервју за Канал 5.
„Не знам, можеби ќе се разбуди кога ќе ги види уставните измени на телевизија“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.
Мицкоски ја критикуваше смислата за хумор на Османи.
Нацрт- амандманите за уставни измени се готови со недели, но Владата чека подобар момент да ги разгледа. Процедурата во Собранието за нивно одобрување трае во просек од 4 до 5 месеци.