Рано утринава е пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски. Кон него пукало, засега непознато лице, кое неофицијално се движело со мотор.

-Денеска во 08:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир.

Од исчезнатио Самоил веќе неколку месеци нема ни трага, ни глас.