Мислам дека сме блиску до решение со синдикатите, ако продолжиме со овој интензитет, прашање на денови е кога ќе го заокружиме ова прашање, вели во интервју за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими кој е директно вклучен во преговорите со синдикатите за зголемувањето на платите и за новата методологија на плати во јавниот сектор.

– Има солидна клима, меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги завршиме, истакнува Бесими, додавајќи дека е рационален оптимист.

Во видео интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Бесими открива и дали ќе купи граѓанска обврзница за која аукцијата е закажана за следната недела.