Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи.

– Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, се вели во соопштението од Министерството за правда.