Во отворената истрага за случајот Феникс од страна на надлежно обвинителство, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се сомничат за злоупотреби на 57 милиони евра за 11 споменици преку Скопје 2014, обвинува Даниела Колева, пратеничка од СДСМ.

Таа на прес конференцијата изјави:

Ова е уште една потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014 и колку голема штета е предизвикана врз грбот на народот, на граѓаните.

Само преку овој, еден случај, дури 57 милиони евра пари на граѓаните биле злоупотребени, согласно наводите во обвинението.

Дури 33 нови, модерни и целосно опремени градинки можеле да се изградат со 57 милиони евра.

Ако едно ново и целосно опремено училиште чини помеѓу 3 и 4 милиони евра, за 57 милиони  евра можеле да се изградат минимум 15 нови училишта ширум државата.

Не мислеле во ДПМНЕ за подобри услови на илјадници дечиња, не мислеле ниту за подобри услови за илјадници ученици, за ДПМНЕ не биле воопшто важни.

Се мислело само како парите на граѓаните да завршат во џебовите на највисоките функционери на ДПМНЕ во тоа време.

До денеска нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата криминална партија која не мисли на граѓаните.

СДСМ изгради и обнови 80 градинки, инвестира во подобри услови за учениците, гради нови и реконструираме над 118 постоечки училишта.

Тоа е најголемата, суштинска разлика помеѓу криминалот на ДПМНЕ и политиките на СДСМ.