Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени, велат од ДУИ.

Во нивното соопштение се вели:

Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Северна Македонија.

Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на Албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување.

Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик.

Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане.

Оваа реакција на ДУИ доаѓа по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски кој го повика обвинителот во случајот „Феникс“ да го истражи и споменикот во Слупчане, кој според него е дивоградба.