Денеска целата македонска јавност сведочи дека Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност за сите инволвирани во случајот Феникс застана во одбрана на криминалите на ДПМНЕ, обвинуваат од владејачката СДСМ.
Во нивното соопштение како реакција на изјавата на Мицкоски се вели:
Случајот и истрагара за Феникс, отворени од надлежно обвинителство, е само дел од ултра криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014.
На грбот на народот ДПМНЕ переле пари преку спомениците.
Додека народот осиромашувал тие се богателе.
За Мицкоски не е проблем тоа што негови сопартијци се осомничени дека проневериле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.
33 нови детски градинки ширум државата можеле со 57 милиони евра да се изградата ама за Мицкоски тоа не е важно.
Ова е само потврда, ДПМНЕ е криминална партија а по криминален споменик од Белата палата нема.