Несреќниот Иво Марковиќ, Србин кој иако има сопствен стан во Карпош 3, нема државјанство живее во агонија на товар на соседите. Бил добар мајстор и чесно заработувал, но лани во ноември го издало здравјето. Му пукнал чир.
Од болницата „Осми Септември“, после операцијата само го оставиле во станот иако знаеле дека му е потребна нега и дека нема кој да се грижи за него. За него е покрената постапка за македонско државјанство, но од февруари се чека началничка во МВР да потпише. Последниве недели, Марковиќ живее во агонија и чека социјален работник, доктор од Брза Помош или некој од МВР да му ги скрати маките, вели прилогот на Алфа снимен во домот на Марковиќ.
Брза помош, итната социјална служба, МВР, Црвен Крст, сите овие институции се известени од страна на соседите, но залудно. Екипата на Алфа ги повика од итната социјална служба и брза помош. И едните другите беа запознаени со случајот и рекоа дека не е во нивна надлежност. Најмногу од се ги интересираше кој се јавува да се пријави. Соседите се очајни. Последната гранка за нив е медиумски да се крене случајот зашто за нив агонијата трае со месеци.
Според раскажувањата на соседите, институциите очекуваат тие да преземат одговорност и да му ги извадат сите документи на Марковиќ за да може да има здравствено осигурување и да биде сместен во институција. Во скопската населба Карпош 3 дошле сите екипи. Соседите зад камера раскажуваат дека докторки од Брза Помош биле згрозени и не ни сакале да влезат внатре поради смрдеата.
Видеото е вознемирувачко ТУКА
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.