Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Брисел изрази подготвеност да распише предвремени локални избори во Косово, но „во согласност со правната рамка на земјата“.

„Разбираме дека има потреба од предвремени избори во четирите општини на север, со процес на кој му претходи владеење на правото, отворена и фер кампања и слободни и демократски избори. Не можам да кажам дека ситуацијата е безбедна поради билатералните средби и имаме стабилен мир, но од оптимизмот на медијаторот можам да кажам дека има знаци дека деновите што следат ќе бидат подобри од оние што ги оставивме зад нас. “, рече Курти, пренесува Бота Сот.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово.