„Оваа или следната недела, конкретните предлози треба да бидат доставени од работната комисија до Владата и да бидат разгледани од македонскиот Парламент“.

Ова го потврдил европратеникот Илхан Ќучук за бугарските медиуми.

Тој изјавил дека Македонија најдоцна за две недели до Собранието ќе ги достави уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот. Ќучук вели дека за ова добил потврда од македонските власти.

Европратеникот негира дека му бил вршен притисок од било која страна за да го одложи гласањето за есенскиот извештај.