Со Универзитетската клиника за државна кардиохирургија ќе раководи д-р Марјан Шокаровски, кој ја презеде директорската фунцкија, а е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање, соопшти денеска Министерството за здравство.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска, со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.

Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.