„ДПМНЕ почна да плука по усвоената Резолуција на германскиот Бундестаг со којашто добивме силна поддршка на патот кон ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, посебност и култура.

“Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.

Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“

Ова стои во усвоената Резолуција за којашто ДПМНЕ не успеа ниту да убеди еден пратеник од нивната сестринска партија да ја поддржи а сега ја напаѓа.

Срамно. Знае ли воопшто ДПМНЕ каде тера и што прави?

Или Левица даде знак па ДПМНЕ мора да ја следи затоа што Мицкоски не може да се оттргне од прегратките на Апасиев?“ се вели ви соопштението на СДСМ.