Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи гостуваше во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 каде се разговараше и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за влез во Влада, во која нема да биде дел и политичката партија ДУИ.

Османи вели дека тоа било и за него изненадување, а откри и дека му се јавил на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој бил на состанок и не ја имал слушнато изјавата на Мицкоски.

„Му кажав дека Мицкоски прифаќа уставни измени, но има еден услов – ДУИ да биде надвор од Владата. Тој се насмеа и ми рече: Прифаќаме веднаш. И тоа е нормално, затоа што ние работиме со месеци, за да земјата оди напред“, вели Османи.