Само што почна летната сезона, главниот пат за влез во Охрид е блокиран поради градежните активности кои се одвиваат таму. Поради ова имаше многу реакции. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, побара од Владата и Министерството за транспорт и врски, да се пролонгираат градежните работи на автопатот во влезот на градот, кои според предвидената динамика ќе завршат за 45 дена, јавува ТВ 21.

За овој проблем Пецаков се сретна со претставниците на угостителите, туристичките оператори, СВР Охрид и експертските комунални служби. На средбата се разговарало за реакцијата на сите страни околу интензивирање на градежните активности на автопатот токму во текот на туристичката сезона.

Туристичките оператори велат дека се загрижени за оваа прашање и дека на патот Скопје – Охрид секогаш имало проблеми, но ова е врвот. Дури додаваат дека странските туристи стигнуваат за 2 часа, а од Скопје до Охрид туристите треба да патуваат за 3.5 часа.

Во врска со оваа состојба реагираше Министерството за транспорт и врски критикувајќи го градоначалникот на Охрид за неговата реакција. Од оваа министерство велат дека реакцијата на градоначалникот е неприфатлива и лицемерна посебно имајќи го предвид фактот дека тој постојано упатува повици за забрзување на градежните работи во истиот автопат. Петицијата која се потпиша на денешниот состанок кој се одржа во Охрид ќе биде испратена во Влада. Се бара да се врати стариот начин на сообраќај за влез во Охрид, а од септември да продолжат градежните активности.