Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го искористи домашниот терен и совладувајќи го Саша Гуејмард Вајенбург од Франција со 2-0 (7-6, 6-4), дојде до трофејот на ИТФ фјучрс турнирот во Скопје. На тениските терени „Југ“, со силна поддршка од трибините во променливо време со сонце и дожд, Ивановски стана прв македонски тенисер по пауза од 15 години кој го освои М25 турнирот во Скопје.
За Калин ова е четврти сениорски трофеј во кариерата, прв на земјена подлога и секако прв на скопските терени, што му дава дополнително значење. По крајот на мечот со Французинот, Ивановски се поклони на публиката и ѝ се заблагодари за силната поддршка.
Се очекува со овие поени, Ивановски да скокне на АТП рангирањето и да влезе меѓу 400-те најдобри тенисери на светот./Gol.mk/