„Денес членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клекоски и пратеничката и координатор на стручните комисии на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Иванка Василевска остварија средба со унгарскиот министер за надворешни работи и претставник на партијата ФИДЕС, Петер Сијарто.

Средбата е продолжение на претходно договорената соработка околу изработката на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и ползување на искуствата и стручните мислења од повеќе европски држави меѓу кој е и Унгарија.

На средбата договорено е соработката да продолжи на стручно меѓукомисиско ниво за повеќе стручни области и реформи пред се во економскиот и политичкиот систем, инвестициите, раст на стандардот, борба против корупција.

Во наредниот период што следи ќе биде интензивирана соработката со цел да се извлечат најдобрите искуства на европските држави“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.