Употребата на лекот Осимертиниб по операција го намалува ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто, покажува ново истражување, што го објавува „Гардијан“.
Пред 30 години не можевме да направиме ништо за такви пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, вели Рој Хербст, заменик директор на Центарот за лекување рак на Јеил и главен автор на студијата за ефектите на Осимертиниб.
Тој вели дека бројката од 50 проценти е голема работа, особено во случајот со ракот на белите дробови, кој е многу отпорен на терапии.
Говорејќи на Светската конференција за рак на белите дробови во Чикаго, Хербст изјави дека „возбудливите резултати“ додале уште поголема тежина на претходните наоди кои покажале дека лекот може да го намали ризикот од враќање на болеста на половина.
Тој посочува дека некои пациенти во Велика Британија, САД и други земји веќе имаат пристап до лекот.
Во извештајот на „Астра Зенека“, што го произведува лекот Осимертиниб, се вели дека лекот покажал невидена и многу значајна корист во однос на преживувањето на пациентите.
Вомизвештајот се додава дека по пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот.
Ракот на белите дробови е најсмртоносниот рак, годишно убива речиси два милиона луѓе.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.