„Унапредување на регионалната соработка од секој аспект, како основа за развој на економиите, за повеќе странски инвестиции и за подобар живот на нашите граѓани“ порача премиерот Димтар Ковачевски од Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, каде што се сретна со претседателот на Србија, Вучиќ, со претседателката на Босна и Херцеговина, Цвијановиќ, претседателката на Грција, Сакеларопулу и со премиерот на Албанија, Рама.

Тие разговарале за актуелните случувања во регионот и важноста за одржување на мирот и стабилноста. Лидерите од регионот разговарале за иницијативата Отворен Балкан, која е вистински чекор во клучен момент за заедничко решавање на клучните прашања.

Како што напиша премиерот Ковачевски на социјалните мрежи, тие се согласиле дека поврзувањето и регионалната соработка е важно за нас како регион и дека треба да работиме на исполнување на нашите стратешки цели, членството во Европската Унија.