Пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева објави заедничка фотографија со Руслан Стефанчук, претседател на врховната рада на Украина, односно украинскиот парламент. Се ќе беше во ред да не го згрешела неговото име. Имено, таа пишала дека се сретнала со Олександар Турчинов, а додала дека „тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина“.

Самиот Стефанчук во коментар под нејзината објава ја корегирал. Тој напишал

– Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски.

Се разбира, по овој коментар, пратеничката го сменила текстот над објавената фотографија. Ако нешто не згрешила, тоа е барем описот за Турчинов. Тој навистина бил поранешен претседател на врховната рада, но и привремено ја извршувал функцијата претседател на Украина, во време на бурните настани од 2014 година и симнувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.