Во клучен период за иднината на државата, време е за глас за Европа во македонското собрание. Мицкоски, како и за сите суштински и стратешки прашања прибегнува кон својата вообичаена практика за бегање од одговорност, немање став и пласирање лажни вести, велат од владејачката СДСМ.

Во нивното соопштение се вели:

Не е време за нови бесмислени измислици што немаат никаква врска со реалноста, туку момент на вистината за Мицкоски, јавно да каже кој е неговиот став за иднината на државата.

Христијан Мицкоски да не бега и конечно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, во нивниот антиевропски, проруски деструктивен блок.