Веќе со месеци, или поточно од ноември минатата година скопјани се возат во автобусите на ЈСП како сардини. Гужви, вратата едвај се затвора, нередовни линии, доцнења, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат скопјани во последните месеци, откако е раскинат договорот со приватните превозници. Иако беше ветено дека ЈСП ќе ги покрие сите линии кои ги имаа приватните, сепак тоа на терен не е така.

Видеото  е превземено од Бриф.мк, на кого го испратил читател, направено е денеска на станицата „Соборен храм“ околу 14:30 часот. Се работи за автобус со број „2“ што сообраќа од Автокоманда до Сарај.