Оваа Влада во последните 6 години процесот на европска интеграција го интепретираше како процес каде таа апсолутно ги прифаќа сите барања на сите соседи по однос на сите национални прашања, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Тој е дециден дека сервилноста без резултати на домашен план не прави подложни на постојани уцени. Секој еден дополнителен ден што овие луѓе се на власт Македонија ќе биде предмет на дополнителни услови, а тие нема да кажат не.

„Нашата најслаба страна се домашните реформи и тоа не прават слаб кандидат и не прават кандидат кој е сериозно подложен на тип на непринципиелни притисоци што колку и да се непринципиелни тие притисоци портфолието на недостаток на реформи е толку лошо да им остава на земјите членки како Бугарија да го наметнуваат тоа што го наметнуваат“, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да мрдне ниту еден милиметар по однос на прашањето за уставни измени. Барањата се аспектите за заштита на нашиот идентитет, а не под вакви услови и ваков бугарски диктат

Тој заклучи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени нема намера ВМРО-ДПМНЕ да го промени бидејќи тој е правилниот став.