Студенти кои биле на одмор во Охрид демолирале хотел. Меѓу нив има и студенти од Хрватска, а видеото го објави хрватскиот портал 24сата.хр

Станува збор за настан на кој учествувале стотици студенти од регионот, а снимките од демолирањето на хотелот „Десарет“ и распуштеното и неодоговорно однесување наводно доаѓаат од забава која ја организирале студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот.