Заменик министерот Беким Реџепи денеска заедно со првиот вицепремиер Артан Груби и министерот Благој Бочварски денеска беа на увид на работите на локалниот пат Парашќеви Ќиријази (архиепископ Доситеј).

Работите се одвиваат со брзо темпо и се очекува да завршат навреме. Министерството за транспорт и врски продолжува со реализација на конкретни локални проекти во секоја општина во државата, рече заменик министерот Реџепи.

Како Влада, односно Министерство за транспорт и врски, остануваме посветени на реализација на локални капитални проекти кои имаат директно влијание за подобрување на животот на граѓаните а не само за реализација на големи капитални проекти од државен интерес, заклучи заменик министерот Реџепи.