Контрадикторни се одлуките на Советот на обвинители и Судскиот совет во однос на постапките околу обвинителката Ленче Ристоска и претседателката на Советот Весна Дамена, вели во интервју за РСЕ Министерот за правда Кренар Лога.
Дали е контрадикторно тоа што Советот на јавни обвинители најави дека ќе покрене постапка против обвинителката Ленче Ристоска, којашто во јавноста изјави дека ова тело е извод на трговија со влијание, а од друга страна Судскиот совет не покрена дисциплинска постапка против претседателката Весна Дамева, туку прејде директно кон нејзино разрешување?
-Да, сите овие настани не се во нормални околности. Јас заедно со Кабинетот ги имаме разгледано овие случувања и дискутираме меѓу себе како е можно за истите врвни органи на правосудниот систем да има двојни аршини. Во едниот да се дава можност без расправа, без причина и без дисциплинска постапка да се разрешува, а во другиот дел, само за една изјава која треба исто така да се докаже дале е или не е така, да се побара во итен рок да се одговара дисциплински.
Мене ми е чудно сето ова. Јас ќе седнам и со претседателот на Совет на обвинители и со обвинителката Ленче Ристоска за сите овие нејзини изјави, вели Лога.
Целото интервју на министерот Лога на Радио Слободна Европа.























