Бројот на повредени во најновиот руски напад врз украиснкиот град Миколајев се зголеми на 23, меѓу кои и едно дете, а едно лице загина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео на кое се гледа штетата предизвикана од рускиот напад врз Миколајев, во текот на изминатата ноќ.
Зеленски напиша дека Русија не престанува да докажува дека главната цел на војната е теророт и уништувањето на Украинците и се што е украинско, јави Гардијан.
Во текот на ноќта Русија го гранатираше Миколајев со четири проектили истрелани од Црното Море, а оружјето со висока прецизност беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и повеќекатница.