Министерството за регионален развој и јавни работи издаде дозвола за проширување и подобрување на условите за работа на граничниот премин „Станке Лисичково“, соопшти денеска пред новинарите надлежниот министер архитект Иван Шишков, кој изврши увид на граничниот премин „Кулата“.
Во однос на реконструкцијата на преминот, на донесувањето на дозволата заедно работеа министерот Шишков и неговиот заменик Николај Шушков, кој е поранешен регионален гувернер на Благоевград.
Идејниот проект за реконструкција на граничниот премин датира од 1994 година, наведе заменик министерот за регионален развој Николај Шушков. Во 2000 година, кога бил назначен за регионален гувернер на Благоевград, дознал дека голем дел од вредноста на проектот, која во тоа време изнесувала 16 милиони лева, била префрлена без да ги помине процедурите за почеток на изградбата. Во 2022 година, кога Николај Шушков повторно е назначен за регионален гувернер, тој востановил дека проектот сè уште е без значително поместување.
„Секогаш, во сите мои изјави во јавноста, тврдев дека овој премин не ги задоволува барањата на модерен, современ, граничен премин, туку е повеќе опасен за работата и за патниците кои минуваат низ него, дури би рекол дека тоа беше срам за Бугарија, рече заменик министерот Шушков.
Според заменик министерот за регионален развој, реконструкцијата на преминот со Северна Македонија ќе го олесни минувањето, бизнисите, ќе помогне за развој на туризмот и за зближување на двата народа.