реклама

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Разговараме на различни теми, меѓу кои и автопатските делници за коридорите 8 и 10Д.

Битиќи коментираше и за новите закони кои треба да бидат донесени во Собранието за изградба на коридорите. Тој посочи еден пример со денешните закони, и поради тоа смета дека треба да се донесат нови за да не доаѓа до вакви ситуации.

реклама

„Поради законите кои постојат денеска, ние имаме проект финансиран од ЕБРД, од Европската Унија. Решението кое го дале имало три опции да се изберат, и ахритектите избрале решение кое е најдобро за нив. Ама, најдоброто решение поминува низ село Бокојчани каде треба да се дислоцираат многу куќи, но и гробишта. Нормално, имаше поплаки од граѓаните, а тоа никој не го земал во предвид. Си седнале таму на „Гугл мапс“ си проектирале. Сега ќе го нема тоа со надоградба на законите“, рече Битиќи.

реклама