„Австрија е веќе голем инвеститор во Северна Македонија. Искуствата се крајно позитивни и сите политичари ќе дадат се од себе за да продолжат добрите односи, бидејќи и двете страни имаат полза од тоа“ изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Нехамер додаде дека австриските компании имаат добри можности за раст во земајва и дека ќе се продлабочува соработката меѓу двете држави.

„Северна Македонија има премиер кој што многу добро ја познава европската економија, ги познава Австриските претпријатија многу добро и во овој поглед претставува мост да се продолжи со екнонскиот раст на Северна Македонија“ рече Нехамер.

Тој додаде дека во Северна Македонија веќе има големи инвестиции од страна на ЕВН и А1 телекомуникациската компанија.