реклама

Норт Вест, најстарата ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, беше специјална гостинка на шоуто на Кети Пери во Лас Вегас минатиот викенд.

Пејачката го покани деветгодишното девојче на сцената и рече дека таа е одлична танчерка и дека треба да му ги покаже на светот своите танцови потези.

реклама

„Го знам твоето име. Ти си Норт Вест. Ги гледав твоите видеа на TikTok. Имаш девет години, тоа е одлично. Кога имав девет години, почнав да пеам. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?”, ја праша Кети, а Норт одговори со еден збор „Сè“.

Видеото од нивниот разговор брзо стана вирално, а многумина ја коментираа самодовербата на девојчето, споредувајќи ја со нејзиниот татко. „Активности со богато дете“, „Изгледа дека е ќерка на Канје“, „Таа буквално може да биде што сака“, се само дел од коментарите на Твитер.

реклама

Инаку, како што пишуваат американските медиуми, Норт Вест навлегува во претприемничките води исто како и нејзината сестрана мајка. Реалити ѕвездата наводно поднела четири нови заштитни знаци за производи за убавина и линија за играчки под името на нејзината ќерка.

реклама