Одри и Хари се пар од САД кои патуваат низ светот, а досега, како што тврдат, посетиле дури 69 земји.

На нивната Фејсбук страница, The Budget Savvy Travelers, тие редовно ги информираат своите следбеници за нивните патувачки авантури, а во една од нивните последни објави го опишаа нивното искуство од Македонија.

„Отидов во Македонија и нарачав хамбургер со помфрит, и го добив сето ова“, напиша тој, покажувајќи дека му поставиле куп месо, гравче тавче, помфрит и зеленчук во чинија.