Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами повторно го стори истото. При вчерашниот пречек на Албин Курти, премиерот на Косово, објави фотографија на социјалните мрежи, на која на Курти му порача: Добре дојдотвте во главниот град на Албанците во Северна Македонија.

И претходно, пред неколку дена кога градоначалници од општини од Албанија и Косово беа во посета на Тетово, тој го стори истото, па потоа се правдаше дека бил изваден од контекст.

Тогаш велеше дека не мислел така како што беше пренесено, туку дека Тетово бил центар на Албанците.