Во работната група каде ќе се разговара за вметнување на Бугарите во Уставот, ќе се разговара и за укинување на 20% како дефиниција за Албанците. Ова ќе го предложи АА која ќе го искористи случајот за такво нешто да се направи заедно со вметнување на Бугарите во Уставот, пренесува ТВ21.

„Да, ќе предложиме замена на 20% и правилно именување на албанскиот јазик во Уставот. Ја поздравуваме изјавата на претседателот Пендаровски кој го поддржа нашиот предлог и ги покануваме и другите партии да го следат примерот, да се придржуваат на јавните ветувања,да дојдат во работните групи и да ја коригираме еднаш засекогаш оваа неправда“, велат од Алијанса за Албанците.

Но што мисли за овој предлог на коалициониот партнер, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него единствена дилема е моментот кога да се побара оваа измена, додава дека треба да се внимава албанското прашање да не го искористи некој за блокирање на евроинтеграциите на земјава.

„Јас не велам политичките партии дека не треба да ги постават сите теми во комисијата, туку таму да дебатираме, таму да разговараме доколку сметаме дека може, еве јас со две раце давам поддршка, но доколку гледаме дека ова може да се злоупотреби, тогаш треба да бидеме внимателни како ќе го претставиме интересот на нашата заедница“, вели Бујар Османи.