Заводот за ревизија излезе со извештај за општина Арачиново, каде се констатирани многу нерегуларности, како што е не евидентирање на имот, не пуштање на решенијата за долгот за данок на имот и недостиг на целосен преглед од општинскиот данок. Во врска со ова градоначалникот на о. Арачиново, излезе пред медиумите за да ја објасни ситуацијата. Според Ибрахими, граѓаните не се виновни за неплаќањето данок досега бидејќи такво нешто не им овозможила општината. Вели дека процесот сега е започнат и дека досега се евидентирани 2091 куќи, 15% од кои веќе платиле своеволно. Ибрахими изјави дека очекува отчет за лошото управување од поранешната администрација на општината.

-Конечниот извештај кој ми е доставен и на поранешното раководство на општината, дури лицата кои извршиле ревизија ми рекоа дека е навистина вознемирувачки и секако дека ќе имаме голем притисок од медиумите и граѓаните. Но треба да се објасни дека не е од сегашното раководство туку од минатото раководство. Прекршоците се, сметам, според тврдењата на државна ревизија, тешки и тоа е дополнителна можност или мотив за мене како раководител за во иднина да не поминат толку лесно злоупотребите. И се заблагодарувам на државна ревизија бидејќи на почетокот на мандатот кога направија ревизија за општинските служби, за тоа ја информираа и Владата и надлежните институции, Ридван Ибрахими, градоначалник на Арачиново.

ДЗР го објави извештајот за Општина Арачиново: Не издава решенија за данок, нема регистар на имот, од шест дури пет препораки не се исполнети