Поранешниот вицепремиер и МНР Никола Димитров подготвува враќање на политичката сцена, преку партија или движење. Тој тоа го потврди во гостувањето во ТВ21, без да открива повеќе детали.

„Така што не би можел сега, тој план да го обзнаам баш денес. Тоа што можам да го кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, работите не ни се добри во државата, тој проблем нема да го решат, можат само да ни помагаат нашите пријатели… Политичките партии нема едно утро да се разбудат и да кажат малку претеравме, можеби треба на друг начин да ја водиме политиката. Граѓаните ќе мора да ги натера тоа да го прават“, порача Димитров.