Посетата на премиерот Димитар Ковачевски во Србија, истиот ден кога во Киев се одржуваше комеморација во сеќавање на жртвите од руските злосторства во Буча, е лоша коинциденција, вели политичкиот аналитичар Никица Корубин во интервју за Шења.
Корубин смета дека премиерот Ковачевски тој ден требало да биде во Киев, а не во држава, која не воведува санкции кон Русија. Според неа, е нејасно која била целта на посетата, освен да се спаси проектот Отворен Балкан, кој е како замена на Берлинскиот процес, единствен регионален проект подржан од ЕУ.
Коментирајќи ги резултатите од анкетите дека македонските граѓани имаат симпатија за рускиот претседател Путин, Корубин вели дека со таквите анкети се сака да се нормализира она што е ненормално.
„Фамозна анкета на ИРИ во септември 2022 година, која е кредибилна, ги загрижи сите. Толку се потрудија да развијат едно такво анти ЕУ расположение кај луѓето и не успеа затоа што 75 отсто од граѓаните велат дека единствен спас на Северна Македонија од лошо водење на државата, гледаат само во ЕУ“, смета Корубин предупредувајќи на злоупотреби со анкетите преку поставување сугестивни прашања, со кои брутално ги наведуваат луѓето.