Отворен Балкан е само параван за српскиот свет, а руското влијание во Северна Македонија доаѓа преку српски структури, тврди политички аналитичар Никица Корубин во интервју за телевизијата Шења и порталот зоом.мк зборувајќи за руското влијание во земјата. Корубин смета дека во земјата има плодна почва за руско влијание и нема здрава средина како да се надмине, а влегувајќи во проекти како Отворен Балкан, сами ставаме трн во здрава нога.

„Ако самите шириме антибугарска хистерија, што е антиевропско. Не треба да забораваме дека Бугарија е членка на ЕУ. Кога комуницирате со Бугарија, се обраќате на ЕУ. Ако вие сами си го отежнуваме патот затоа што си измислувате формулации, или колку време пишувате еден амандман, нема потреба од надворешно влијание, доволно самите себе сте поставиле сопка“, вели аналитичарот Корубин.

Големото српско влијание во Северна Македонија Корубин го илустрира и со прославата на Свети Сава во Скопје, каде во присуство на државниот врз нашата територија е претставена како српска земја, а при тоа нема никаква реакција како што има за слични провокации од Бугарија.

„Ако за нас е прифатливо во сред Скопје, во независна држава, главниот град на Северна Македонија, во присуство на највисоки државни претставници, што не претставубаат сите нас како држава, некој да говори дека ова е стара српска земја, ние по автоматизам велиме дека Македонците се создадени после 45 година. Тогаш зошто се лутиме на Бугарите кога самите посредно ја прифатиме таа теза. Се разбира дека ништо од ова не е вистина, но поведението кажува дека неодговорно се однесуваме или не би сакал да верувам во нешто друго“, истакнува Корубин.

Според неа, чудно е што во српско-косовскиот спор, естаблишментот е на страната на Србија, а не на Косово, затоа што Северна Македонија е во иста ситуација од визурата на српскиот свет.

„Кога мислиме на регионална соработка зошто мислиме само на Србија и Албанија, а не и на Бугарија и Грција, зошто не ги отвориме границите и со овие држави, прашува таа.

Коментирајќи ја посетата на високиот американски дипломат Џејмс Рубин, Корубин верува дека тој се обраќа на вистинска адреса затоа што расправата за уставните измени ја контаминираат самите политичките партии и медиумите, кои на дневна основа шират дезинформации, хрватски модел, реципроцитет и слични глупости.

„Од кого е узурпирана државата? Прибе не велеше дека ВМРО е заробената држава. Таа е заробена 30 години“, вели Корубин обвинувајќи го невладиниот сектор, кој место да се грижи за ЕУ, го прифаќа спинот на партиите околу заштита на идентитетот.

Според неа, македонската јавност е целосно неинформирано за скрининг процесот, а претставниците на заробената држава кога ќе воспостават контролира на процесот на преговори, тогаш ќе станат најголеми европејци.

Р.З.