Специјалниот пратеник на Соединетите американски држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре ќе допатува во официјална посета на Албанија.

Според медиумите тој ќе престојува од 11 до 13 месецов а посетата се случува во пресрет на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.

Утре попладне Ескобар  ќе оствари средба со претседателот на државата Бајрам Бегај, а потоа и со премиерот Еди Рама.

Следниот ден планирани се средби со опозицијата , со вршителот на должноста претседател на опозициска  Демократска партија, Енкелејд Алибеај,  пратениците Газмент Барди и Јорида Табаку,  како  и со лидерот  на опозициската Партијата на слободата, Илир Мета.

Последен пат Ескобар ја посети Тирана во април минатата година заедно со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.