Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во писмо до д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко-скопски упати честитки за најголемиот христијански празник Велиден, до него, до свештенството и верниците на Католичката црква кои денеска го чествуваат празникот.– Посакувам добро здравје, мир, разбирање и лична и колективна благосостојба за сите.Големите празници секогаш носат голема духовна сила.И овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро.Посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете меѓу најблиските, во радост и спокој, напиша во писмото до бискупот Стојанов, премиерот Ковачевски.